понеделник, 30 декември 2024

Нападот врз полициски службеник е напад врз државата, велат од ЛДП

Најостро го осудуваме насилството како појава во општеството бидејќи ги загрозува основните човекови права, особено е загрижувачки кога се случува меѓу полициски службеници, бидејќи нападот врз полицаец е сериозен напад врз државата, се вели во реакцијата на Либерално демократската партија.

Објавено на

часот

Сподели

„Во однос на инцидентот што се случи изутринава пред угостителски објект на територија на СВР Скопје, а во кој биле инволвирани полициски службеници меѓу кои и припадник на МВР кој е дел од обезбедувањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потребно е институциите веднаш да постапат и да го расветлат случајот, како во рамки на Минисерството за внатрешни работи, така и Обвинителството да го истражи целиот случај бидејќи сите сме еднакви пред законот и никој не смее да помине неказнето“, велат од партијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ