Тој го посети Минхен заедно со баварскиот премиер Маркус Зедер и градоначалникот Дитер Рајтер.
Ден по нападот, познати се повеќе детали од вчера. Истражителите го пробиле телефонот на напаѓачот и пораките укажуваат на одреден исламистички предзнак, соопштено е на конференција за новинарите во Минхен.
„Сè уште не можеме да дадеме конечни одговори“, кажа обвинителката Габриеле Тилман. Иако повеќе пари се огради бидејќи истрагата само што почнала. И додаде: „Според сè што знаеме, веќе се осмелувам да зборувам за исламистички мотив“.
Како што објасни, тоа следи од првото сослушување на напаѓачот. Тој, за време на апсењето, извикал „Алаху акбар“ и се молел. Кажал дека „свесно влетал“ со автомобилот во луѓето.
Осомничениот инаку себе се опишува како религиозен, одел редовно во џамија, за тоа пишувал и на социјалните мрежи. На Инстаграм се претставувал како спортски тип и фитнес модел.
Нема индиции дека бил член на некоја терористичка организација, додаде Тилман.
24-годишниот Авганистанец вчера, 13 февруари, со автомобил влета меѓу учесници на синдикален протест во центарот на Минхен. Повредени се најмалку 36 лица, соопшти полицијата – осум од нив тешко, а две се во животна опасност.
Под автомобилот останала и една детска количка. Едно дете е животно загрозено.
Напаѓачот дошол во Авганистан уште во 216 година, како малолетник без придружба. Бил одбиен во процесот за азил, но посетувал училиште и во 2021 добил дозвола за престој и работел како обезбедување во продавници.
Нема индиции дека злосторството е поврзано со Минхенската безбедносна конференција која денес почнува во главниот град на Баварија и на која традиционално ги собира светските лидери, но и предизвикува бројни протести.