среда, 12 март 2025

Нападнат инкасант на пајак служба во Гостивар

Синоќа во Гостивар бил приведен Ш.А. (69) од Гостивар, откако Х.Б. вработен како инкасант за наплата на пајак службата го пријавил за физички напад.

Објавено на

часот

Сподели

На улицата „Илинденска” во Гостивар на Ш.А. му било подигнато патничко возило „шевролет” со гостиварски регистерски таблици од страна на пајак службата. Ш.А. дошол да го земе возилото и притоа агресивно се однесувал кон него, без да плати влегол во возилото и го удрил. Ш.А. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ