четврток, 26 декември 2024

Напад на Хутите на брод во Црвеното Море предизвика опасно излевање на нафта (ВИДЕО)

Товарен брод напуштен во Аденскиот Залив по напад на Хутите остави зад себе голема нафтена дамка, што доведе до еколошка катастрофа за која американската Централна команда (Центком) во петокот соопшти дека може да се влоши.

Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Товарниот брод Рубимар, кој пловел под знамето на Белизе, управуван од Либан, носел запаливо ѓубриво. Тој беше оштетен во неделата во ракетен напад за кој одговорноста ја презедоа јеменските бунтовници.

Екипажот беше евакуиран во Џибути откако проектил ја погоди страната на бродот, по што водата навлегла во машинскиот простор и крмата попуштила, соопшти бродскиот оператор Блу флет груп.

Вториот проектил ја погоди палубата на бродот, но не предизвика голема штета, изјави за Франс прес извршниот директор на Блу флет груп, Рој Кури.


Центком соопшти дека бродот е закотвен, но водата полека навлегува во него. Зад себе остави нафтена дамка долга околу 30 километри.

„Бродот Рубимар носел повеќе од 41.000 тони вештачко ѓубриво во моментот на нападот, што би можело да се излее во Црвеното Море и да ја влоши оваа еколошка катастрофа“, се вели во објавата на Икс.

Нападот на Рубимар предизвика најголема штета на комерцијален брод откако Хутите почнаа да напаѓаат бродови. Групата истрела балистички ракети и беспилотни летала врз јужниот израелски град Еилат.

Нападите на Хутите поттикнаа некои бродски компании да ја заобиколат јужна Африка за да избегнат премин низ Црвеното Море, низ кој минува околу 12 отсто од вкупната глобална поморска трговија.

Конференцијата на ОН за трговија и развој беше предупредена минатиот месец дека обемот на комерцијален сообраќај што минува низ Суецкиот канал е намален за повеќе од 40 отсто во изминатите два месеци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ