четврток, 26 декември 2024

Наместо во Сандански, вардарци на подготовки во Дојран

Објавено на

часот

Сподели

Вардар требаше во Сандански да отпатува на во втората половина од месецов и првата фаза на подготовките, вклучувајќи и еден контролен меч со Локомотив Пловдив, да ја одработи во Бугарија, но немањето на противници, ниту услови, вардарци решија да го променат планот и да заминат на југот на земјава, во Дојран.

Вардар по на 2 февруари ќе замине во Анталија каде тренерот Илчо Ѓорѓиоски планира низ четири меча да ја темпира формата на тимот, а како можни противници се Црвена Звезда и Левски.

„Имаме првични контакти и со Звезда и со Левски и ако термините ни се поклопат, ќе одиграме пријателски мечеви “, рече Ѓорѓиоски.

Тројца фудбалери веќе го напуштија Вардар и тоа Димче Ристовски, Илбер Али и Мицков, а Обона многу веројатно ќе биде првото засилување.

„Обона најверојатно ќе се врати. Му дадовме програма, му поставивме услови, и финансиски, и ако се согласи со условите ќе остане. Јас сум задоволен од постоечкиот кадар. Целта беше да се задржи костурот на тимот. За мене, тимот што победува не се менува. Јас сакам да се засилиме, но само ако тоа значи квалитативно. Не ни треба бројка. Ако излезе можност зимава би довеле еден до двајца играчи, а на лето два до три“, додава Ѓорѓиоски.

Тренерот на Вардар најави двојно потешка работа во однос на есенскиот дел, но и почетоци на размислувањата за проктот Европа, што најмногу зависи од трансформацијата во анционерско друштво на клубот.

„Нормално е да почнеме да размислуваме за Европа. Но, нема да брзаме. Одиме чекор по чекор. Најважно беше Вардар да застане на здрави нозе, сега амбициите се титула, по можност и куп. Не очекуваат двојно потешки мечеви, но јас верувам во овој тим. Сега сите ќе бидат мотивирани против Вардар и јас сум убеден дека ние ќе одговориме вистински на предизвикот и успешно ќе ја завршиме сезоната“, заврши тренерот на Вардарци.

Најважната информација е дека капитенот и првиот стрелец Филип Ивановски останува, без оглед што се шпекулираше со негово заминување, како и со големиот интерес за него. Најново е и нтересот од Јужна Кореја, Кина, Иран.

„Амбициите се јасни, а ние играчите сме свесни за тоа. Знаеме дека вториот дел ќе биде потежок, но атмосферата е прекрасна и мотивирани сме максимално да ги одработиме подготовките. Јас имам договор со Вардар и ако има некој инетерес, Вардар е тој што одлучува, потоа јас“, рече Ивановски, стрелец на половина од вардаровите голови сезонава во Првата лига.

Н.Б.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ