Оваа мерка, која била воведена минатата година, има за цел да ги мотивира младите активно да се вклучат во спортските активности, да го развиваат тимскиот дух и да градат здрави навики преку спортот.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски истакнал дека оваа иницијатива е дел од пошироката стратегија на Општина Кисела Вода за поттикнување на спортот меѓу младите.
„Спортот ги подобрува физичкото и менталното здравје на децата, но создава и другарства, дисциплина и тимски дух. Со обезбедување бесплатно летување за најдобрите во Лигата на училишен спорт, не само што ги наградуваме нивниот труд и посветеност, туку и дополнително ја поттикнуваме спортската култура во училиштата„, изјавил градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Ова, додал тој, е дел од стратегијата за поддршка на младите и најавил дека како општина ќе продолжат со мерки што ќе овозможат уште поголема афирмација на спортот и негов развој во нашите училишта.