Стихозбирката Бели мугри е отпечатена на 25 ноември во 1939 година во печатницата на Драгутин Шпулер во градот Самобор во Хрватска во четири илјади примероци. Потоа била дистрибуирана по цела тогашна Југославија и во Пиринска Македонија, постигнувајќи голем успех.
Бели мугри од Кочо Рацин е составена од 12 песни, од кои два се циклуси (со по шест и седум песни) напишани на велешки дијалект со примеси од западномакедонските говори, во кои доминираат социјалните и револуционерните теми.
Некои од најпознатите песни на Рацин од оваа стихозбирка се Ленка, Денови, Тутуноберачите, Копачите, Татунчо и други.
Основците и средношколците од земјава овие стихови од Бели мугри по предметот македонски јазик и литература со години наназад и се уште ги учат на памет и стиховите се длабоко врежани во меморијата и чувствата на многу македонски генерации, посебно на велешани.