Од близу 7.000 граѓани што гласале на владиниот сајт 2050 кликнале за модерна верзија за реконструкција, 2007 гласа има првото идејно решение, потоа следува третото предложено решение. Најмалку гласови има за последниот предлог.
Анкетата што ја објави Владата со пет идејни решенија за реконструкција на објектот на Илинденска б.б. се очекува да биде отворена петнаесетина дена, по што стручна комисија ќе донесе конечна одлука.
Во одлучувањето на комисијата ќе добијат место и гласовите на граѓаните. Архитектите што се пријавиле на конкурсот понудија проекти во барокен стил, модерен, футуристички, а има комбинација и од модерно и рустично.