недела, 22 декември 2024

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција (ФОТО+ВИДЕО)

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник во близина на Венеција на северот на Италија и се запалил, кажа градоначалникот на градот Луиџи Бруњаро.

Објавено на

часот

Сподели

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Телевизијата Скај Италија јави дека 18 тела се извлечени од остатоците откако возилото слетало и се запалило.

„Тоа е апокалиптична сцена. Без зборови сум“, напиша градоначалникот на Венеција Луиџи Бруњаро на мрежата Икс (Твитер).

„Има најмалку 20 мртви, но некои луѓе сè уште се заробени во остатоците“, кажа Бруњаро подоцна за италијанската државна телевизија Раи.

Премиерката на Италија Џорџа Мелони им изрази сочувство на семејствата и пријателите на настраданите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ