сабота, 26 октомври 2024

Најголемата болница во Газа е под опсада по нови израелски напади

Најголемата функционална болница во Газа се наоѓа под опсада со беспомошните пациенти и лекари, а израелски воени авиони го гаѓаа Рафа, последното засолниште за Палестинците во енклавата, соопштија властите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Израелската војска објави дека нападот во четвртокот на болницата Насер бил „прецизен и ограничен“ и дека имаат веродостојни информации дека милитантите на Хамас таму се кријат и дека таму држеле заложници, но без да дадат какви било докази.

Министерството за здравство во Газа соопшти дека пет пациенти во болницата умреле на интензивна нега од последици на прекинот на струјата и снабдувањето со кислород.

Светската здравствена организација (СЗО) објави во петокот дека се обидува да дојде до болницата по израелските напади.

„Сè уште има критично повредени и болни пациенти во болницата“, кажа портпаролот на СЗО Тарик Јашаревиќ.

Министерството за здравство во Газа соопшти претходно неделава дека во болницата се наоѓаат 10.000 луѓе, но многумина ја напуштиле од страв од израелските напади.

Во меѓународната заедница владее сè поголема загриженост дека хуманитарната криза во Газа може да се влоши ако израелската војска реши да почне копнен напад на градот Рафа на југот на Газа. Таму се засолнети повеќе од половина жители на густо населената енклава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ