И, ништо не е доволно кога станува збор за безбедноста бидејќи се работи за големиот Александар Македонски.
А кој е најдобриот чувар? Се разбира – кучето. И никој подобро од плоштадските кучиња не ги знае спомениците и сè што е тука изградено и недоизградено.
Кучињата се грижат за спомениците. Имаат и стратегија. Ги третираат личностите по значење. Така, кај Александар Македонски се поставени две кучиња, а кај Цар Самоил стражари едно куче.
Ние само си мислиме дека кучињата спијат или дремка ги фаќа во лежечка позиција. Но тие набљудуваат. И знаат сигурно кој ги чркта и пречкртува некои од таблите на кои пишува дека тоа ти биле споменици од грчкото историско наследство. И не кажуваат, тоа е таа градска култура.
А, кај Цар Самоил тој што чкртал оди и разбери што порака напишал. Може и вака и така да се чита. Вториот збор е јасен – Македонија.
Ех, вечно Скопје…
П.Џ.