Ставрев важеше за најдобриот македонски судија кој судеше на бројни натпревари под организација на УЕФА, мечеви во Лигата на шампионите, Лига Европа, квалификации за ЕП и СП, Лига на нации…
Заедно со Ставрев во пензија замина и помошникот од неговиот тим, Дејан Костадинов.
Во Битола денеска пред почетокот на мечот меѓу Пелистер и Беса, претседателот на битолскиот клуб, Митко Стојковски им врачи подароци на Ставрев и Костадинов како благодарност за нивниот допринос за македонскиот фудбал.