четврток, 30 јануари 2025

Најчести грешки што ја уништуваат батеријата на мобилниот телефон

Полнењето на мобилен телефон стана наше секојдневие, но многу луѓе прават грешка со што дополнително ја уништува батеријата на телефонот.

Фото: Пиксабej

Објавено на

часот

Сподели

Паметните телефони имаат литиум-јонска батерија која има голем број на предности, вклучувајќи издржливост и ниски трошоци за производство. Но, овие батерии имаат и некои недостатоци кои се особено забележливи како што поминуваат годините и почнуваат да се расипуваат.

Имајќи го тоа на ум, експертите за технологија и паметни телефони имаат совети за тоа што да избегнувате кога го полните вашиот телефон за да не ја трошите батеријата уште побрзо.

Не треба да го ставате вашиот мобилен на полнење додека батеријата не се испразни речиси целосно. Според експертите, доколку батеријата падне на нула проценти, тоа е една од најштетните работи што можете да му ги направите на вашиот телефон токму поради типот на батерии.

„Тоа не е идеално за долгорочното здравје на вашиот мобилен. Литиумските батерии имаат ограничен број циклуси, што значи дека ќелијата може да се испразни и полни само ограничен број пати“, вели Елоиз Тоблер, експерт за паметни телефони.

Исто така, не сакате телефонот да се преполни бидејќи и тоа може да предизвика штета.

„Не го оставајте мобилниот на полнач во текот на ноќта додека спиете. Доколку го оставате вашиот мобилен телефон постојано да се полни со часови додека батеријата е 100 отсто полна, ја напрегате батеријата изложувајќи ја на повисоки напони подолго време“, објаснува Тоблер.

Наместо да чекате до последната секунда за да го наполните вашиот телефон, експертите препорачуваат секогаш да имате делумно полнење, што значи да внимавате батеријата секогаш да е помеѓу 20 и 80 отсто.

За да ви трае батеријата подолго, избегнувајте некои други чести грешки, како изложување на уредот на екстремни температури, пренесува Бест лајф.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ