понеделник, 28 октомври 2024

Најбогатите Руси се „тешки“ речиси 600 милијарди

Најбогатите Руси во изминатата година додале 72 милијарди долари во своите богатства, со што нивното колективно богатство пораснало на 577 милијарди долари, објави Форбс. Вагит Алекперов, поранешниот претседател на нафтениот гигант Лукоил, е на првото место во Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Форбс во 2021 година, пред Русија да ја изврши инвазијата на Украина, вкупното богатство на руските милијардери го процени на 606 милијарди долари. Ројтерс пишува дека во опоравувањето придонеле високите цени на производите во последните две години и економскиот раст на Русија фокусиран на војната, кој го сузбива влијанието на западните санкции.

На многу руски милијардери им се воведени санкции во обидите на Западот да го казни претседателот на Русија Владимир Путин и оние што ги смета блиски до него за војната во Украина. Нивното вкупно богатство во 2022 година падна на 353 милијарди долари.

Богатството на Алекперов пораснало на 28,6 милијарди долари од 20,5 милијарди долари во минатата година, според Форбс, тој го презел првото место од сега седмопласираниот Андреј Мелниченко, чие богатство паднало на 21,1 милијарда долари од 25,2 милијарди.

Леонид Михелсон, шефот на руската компанија за производство на природен гас Новатек, е втор на листата на Форбс, а богатството му пораснало за 5,8 милијарди, на 27,4 милијарди долари.

Форбс објави дека сега има повеќе милијардери низ светот од кога било претходно – вкупно 2.781 – и дека 20 најбогати најмногу придонеле на порастот на богатството. Алекперов е на 59-то место во светот.

„Тие се побогати од кога било, со вкупно богатство од 14,2 билиони долари вкупно, што е зголемување од два билиони долари во однос на 2023 година“, наведе Форбс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ