петок, 18 октомври 2024

Надал и Федерер меѓу осумте најдобри во Доха

Објавено на

часот

Сподели

Рафаел Надал

Најдобриот шпански тенисер за час и половина со 6-2, 6-2 по сетови успеа да го совлада германскиот ривал Денис Гремелмајер. За Надал тоа беше 45-та победа по ред против тенисери што не се меѓу стоте најдобри на АТП-листата. Во четврт-финалето Шпанецот ќе игра со Михаил Јужни (Русија), кој го елиминираше Иво Карловиќ (Хрватска) со 2-1 во сетови. Федерер, пак, лесно го мина Словенецот Грега Земља (Словенија), кого за 61 минута го совлада со 6-2 и 6-3.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ