понеделник, 21 октомври 2024

Над 80 автомобили изгореа во вчерашниот голем пожар во Велешта

Над 80 автомобили изгореа во вчерашниот пожар кај струшкото село Велешта, дознава МКД.мк од свои извори. Се работи за автомобили од кои дел биле во возна состојба, а дел растурени за делови или хаварисани. Причините за големиот пожар се утврдуваат, но најверојатно се работи за оган кој почнал во близина, а се проширил, па ги зафатил и автомобилите и гуми.

Објавено на

часот

Сподели

Како што објавивме, возила и гуми гореа во автоплац во струшкото село Велешта, а оваа информација вчера ја потврди и портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Сообраќајот на регионалниот пат Струга – Дебар, се регулираше со најизменично пропуштање возила поради големиот пожар.

„Околу 14 часот во полициската станица Струга пријавен е пожар во приватен автоплац лоциран на регионалниот пат Струга – Дебар кај струшкото село Велешта каде биле опожарени гуми и возила оставени на автоплацот“, изјави вчера Димоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ