„Околу 14 часот во Полициската станица Струга пријавен е пожар во приватен автоплац лоциран на регионалниот пат Струга – Дебар кај струшкото село Велешта каде биле опожарени гуми и возила оставени на автоплацот“, изјави Димоски.
На терен интервенираат екипи на територијалните противпожарни единици од Струга и Охрид.