„Криминалистичката полиција на СВР Битола во содејство со полициски службеници од ОВР Крушево вчера, по претходно добиена судска наредба, изврши претрес во дом и простории на П.К.(71) од Крушево. При претресот пронајдени се над 60 пушки, над 60 пиштоли и околу 2000 парчиња ловечка и боева муниција од различен калибар, како и разни делови за пушки и пиштоли. За случајот е известен Јавен обвинител. По целосно расчистување и документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопшти МВР
.