петок, 18 октомври 2024

Над 50 странски и домашни изведувачи настапија на петте бини на Д фестивал

Објавено на

часот

Сподели

Фестивалот во петокот го отворија светските легенди на треш-метал музиката Креатор од Германија, шпанската псај-техно хероина Индира Паганото, британскиот драм енд бејс гигант Рони Сајз, како и домашните Фолтин, Галоски, Страјк, ЛД Пистолеро, диџеј Гоце и Ронин. Првиот ден ги донесе и концертите на Фулу Мизики, Даикаиџу, КОИКОИ, Ива Лоренс, Беседа, Максимус Вандал, Алис ин Вондербенд, Ленхарт Тејпс, Хајпертек, Дарко Степиќ, Ермилова и Настасја Киш.

Вториот ден на Д фестивал помина во знакот на концертите на планетарниот хит-мејкер Сигала, домашниот електронски артист Кирил Џајковски, алтернативните С.А.Р.С., фантастичниот стонер рок бенд 1000модс и техно принцезата Ксениа. Саботната вечер ја заокружија настапите на Доуп куќата“, Смоке Мардељано, Зарина Првасевда, REYKO, Xarakiri, Мартина Пенева, Coeus, Flooder, Visionary, Charley, E.U.E.R.P.I. и „АудиоЦигла“ во придружба на бенд. Во саботата се одржа и специјалниот концерт на светски признатиот македонски пијанист Симон Трпчески и неговиот музички проект Македонисимо. Квинтетот се претстави на главната бина, а концертот беше бесплатен за сите посетители.

2

Синоќа, во рамките на последната вечер, фестивалската еуфорија кулминираше со забава до утринските часови со Греми номинираното италијанско трио Меduza, њујоршкото хип-хоп дуо ONYX, српската раперка Мими Мерцедез и домашните хардкор легенди SMUT, а покрај нив, настапија и FUNK SHUI, „Паркети“, Алина Паш, Баклава, Peach Vice, С.А.М., Димиш, Basement Cult, Red18, Миа Перевска, АудиоЦигла, Bon Praskiza, Matej Foltz, Princess Donatsu, Flexify, Bullz, Ogipsilon, Shorty P и Irie Scratch.

ф

Според Пасворд продукција, ова беше најдоброто издание на фестивалот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ