петок, 26 јули 2024

Националната агенција за европски образовни програми отвори прв Еразмус+ инфоцентар

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност го отвори првиот Еразмус+ инфо центар во Битола наменет за сите млади но и секој друг кои сакааат да се информираат за програмите или мрежите со кои раководи Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара поврат на 2,2 милиони евра од Македонија, пари злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот 2016-2018 година. Поранешната директорка на Агенцијата, Лидија Димова обзнани дека тогашниот премиер Зоран Заев ѝ вршел притисок да ја повлече пријавата што ја поднела за проневера на тие 2,2 милиони евра европски пари.

Објавено на

часот

Сподели

“Оваа канцеларија ќе биде место за информирање и презентирање на можностите од програмите Еразмус+ и ЕСК, како и сите мрежи со кои управува Националната агенција. Сѐ започна од една идеја која подоцна беше ставена во работна програма, па одобрена од Владата. Овој простор ќе служи за дружење, едукација на младите, но и можност да творат и да ги искажат своите идеи. Просторот е отворен за сите кои се вклучени или сакаат да се вклучат во Еразмус+ програмата, која е една од најуспешните програми во Европската Унија”, истакна директорот на Националната агенција Марко Ѓоргиевски во обраќањето пред присутните.

На отворањето што се случи завчера присуствуваа студенти, наставници, професори и претставници на дипломатскиот кор во земјава. Сите присутни имаа можност да ја проследат изложбата од одбрани дела на младата битолска уметница Јана Танчевска и да уживаат во класична музика за која беа одговорни учениците од музичкото училиште во Битола.

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара поврат на 2,2 милиони евра од Македонија, пари злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот 2016-2018 година. Генералниот директорат за образование млади, спорт и култура на Европската комисија, согласно извештајот на ОЛАФ, на 30 ноември 2023 испратил известување до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност со барање за поврат на средствата, а во март годинава Агенцијата примила известување и за конечност на одлуката.

Поранешната директорка на Националната агенција за европски образовни програми, Лидија Димова во изјава за Фокус обзнани дека тогашниот премиер Зоран Заев ѝ вршел притисок да ја повлече пријавата што ја поднесе за проневера на тие 2,2 милиони евра европски пари.

Амбасадорот на Европската унија во државава Дејвид Гир изјави дека нема да се намалат финансиските средства определени од Европската унија за Националната агенција за Еразмус+, како и дека програмата од која придобивки имаат младите, ќе продолжи и понатаму да се имплементира, но дека ќе мора да се спроведат препораките на ОЛАФ.

Во јули минатата година ОЛАФ соопшти дека во последните пет години отворила 36 истраги за земјите од Западен Балкан за злоупотреба или неправилности поврзани со користењето на европските фондови. Во Македонија отворила четири истраги од кои три се затворени со соодветни препораки.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ