„Таму состојбата засега е одлична. Повеќе од 338- 340 проекти се стигнати од 51 општина. Очекуваме таа бројка да натфрли 400. зошто не и 450. Во првиот повик имавме проекти во вкупна вредност од 72 милиони евра без оние средства кои отидоа преку Министерството за транспорт. Сега имаме 15 милијарди денари, 250 милиони евра. Секој сме присутни на некој нов проект“, рече Мицкоски.
Ги покани медиумите во сабота во Студеничани да присуствуваат, како што кажа, на еден голем проект.
„Имаме намера да инвестираме на цела територија на државата“, рече премиерот Мицкоски кој денеска беше на настан во полицискиот Центар за обука.