недела, 22 декември 2024

На улицата Волт Дизни пронајден избеган затвореник осуден на над 10 години затвор

МВР информира дека на ул.Волт Дизни во Скопје е пронајден затвореник кој бил осуден на затворска казна во траење од 10 години и 9 месеци, а имал за издржување уште половина од казната.

Објавено на

часот

Сподели

Полициски службениџи од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.И.(30) од Скопје. Тој бил осуден на 10 години и 9 месеци казна затвор за сторено кривично дело тешка кражба по член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за доиздржување на 5 години и 9 месеци од казната, велат од МВР.

„Лицето било спроведенo во Полициското одделение Шуто Оризари  за понатамошна постапка, по што ќе биде спрведено во надлежната казнено – поправна установа за доиздржување на казната“, информираат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ