сабота, 27 јули 2024

На Токсикологија нема мир, директорот Беќаровски најавува тужба

Ќе следува соодветна судска тужба кон инволвираните, напиша д-р Нико Беќаровски, кој сѐ уште е директор на Клиниката за токсикологија откако вчера министерот за здравство Илир Демири на официјалната страница на Министерствити за здравство објави изјава со обвинувања против докторот.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера на фејсбук страницата на Министерството за здравство беше објавено дека медицинскиот директор на клиниката д-р Данил Петровски е разрешен од позицијата медицински директор на Клиниката за токсикологија поради несовесно работење во целиот овој изминат период. Како дел од таа објава министерот објави и архивирана изјава со сериозни обвинувања за Беќаровски, дека наводно ги навредувал вработените по национална основа.

Беќаровски во коментар на објавата на МЗ директно му се обрати на министерот за здравство, Илир Демири. „Искрено се надевам дека објавата е без Ваше знаење и одобрение, бидејќи со истата ми нанесовте несогледлива штета на мојот углед, базирана на лажни изјави, на незаконски архивиран документ, на кој не стои ниту едно име. За ова ќе следува соодветна судска тужба кон инволвираните. Инпутирање на какви било национални навреди е најблаго речено дегутантно. И јас, впрочем како и Вие, секогаш сум бил исклучиво поборник за максимален професионализам, базиран на квалитет и мерит систем, без никакви други предрасуди. Најколегијално, Ве замолувам во следните 24 часа јавно да се оградите од оваа несреќна објава на сајтот и да ми се извините за нанесената повреда на мојата чест и углед. Воедно Ве поканувам во текот на идната недела да ја посетите УК токсикологија и да остварите состанок со Стручниот колегиум на Клиниката, за заедно да ги продискутираме наталожените проблеми кои сериозно влијаат на квалитетот на здравствените услуги“, се вели во коментарот на Беќаровски кој додаде дека овие лаги и клевети биле инструирани од само еден лекар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ