сабота, 27 јули 2024

Министерот Демири соопшти: Директорот на Токсикологија не работел совесно, затоа е разрешен

Министерството за здравство вечерва ја потврди информацијата дека е разрешен директорот на Клиниката за токсикологија. Министерот Илир Демири вели дека чекал да завршат изборите за да не потикнел „нетрпение на национална основа“!

Објавено на

часот

Сподели

„Д-р Данил Петровски е разрешен од позицијата медицински директор на Клиниката за токсикологија поради несовесно работење во целиот овој изминат период. Иако имал согласности за продолжување на договорите за работа на 18 лица, тој не постапил. Ангажираните оделе на работа без договор и без плата за нивниот труд. 18 семејства ги остави без плата! Во неговиот мандат, Клиниката беше поплавена и неосигурана, а ангажираните секојдневно трпеа закани и омаловажувања на национална основа. Информираме дека поранениот медицински директор д-р Петровски не беше разрешен пред изборите за да не се поттикне нетрпение по национална основа“, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

МКД.мк веќе објави дека директорот Петровски е разрешен, но и дека не е разрешена економската директорка, Бесија Иљази со чие доаѓање на таа функција во февруари годинава започнаа и тензиите во Токсикологија. Според вработените, а како што како прв медиум објави МКД.мк, таа е именувана од Демири само еден ден откако тој стапи на министерската функција во техничката влада иако, Иљази не знае македонски јазик, што е еден од условите за вработување во државна служба, а во комуникацијата се користи со преведувачки, нејзини секретарки.

Освен тоа, вработените се жалеа дека избегнува разговори, дека е нередовна на работа и е често придружувана од таткото како еден вид на обезбедување. Нејзиното функционирање беше една од причините за протест на лекарите во оваа клиника, а еден од нив, проф.д-р Нико Беќаровски, најави и заминување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ