недела, 6 октомври 2024

На Табановце се чека до еден час

Колони возила и за влез во Македонија и за влез во Србија се наоѓаат на граничниот премин Табановце. Како што покажува надзорната камера од српска страна, долги се колоните возила кои ја напуштиле Македонија. Уште подолги се колоните за влез од Србија во Македонија. Од АМСМ велат дека чекањето е до еден час.

Фото: Колони за влез во Србија

Објавено на

часот

Сподели

На останатите гранични премини  од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Како што соопштија од АМСМ, интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Забрана за тешки возила има од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија,а се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ