„Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција, како и наредба за прибирање и анализа на сите траги пронајдени на лице место и за обезбедување на снимки од видеонадзор. Се преземаат дејствија за расчистување на настанот“, се наведува во соопштението од ОЈО Скопје.
Министерството за внатрешни работи информираше дека лекарот со убодни рани е пронајден во сопственото возило киа на паркингот пред поликлиниката Железара.
Според пријавеното, тој бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа.