четврток, 26 декември 2024
ОЈО Скопје

На снимките од камерите на објектите во Арачиново ќе се бара кој пукал во градоначалникот Ибраими

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на лице место и издал наредби за прибирање траги и вршење соодветни вештачења, информираат од ОЈО Скопје во врска со пукањето кон градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, во кое се повредени две лица кои биле заедно со гроначалникот.

Објавено на

часот

Сподели

Од Обвинителството дополнуваат дека ќе биде издадена и наредба за обезбедување снимки од видео надзор од околни објекти, како и за преземање други дејствија.

„Во врска со настанот во Арачиново, дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место, издаде наредби за прибирање траги и вршење соодветни вештачења. Ќе биде издадена и наредба за обезбедување снимки од видео надзор од околни објекти, како и за преземање други дејствија“, соопштија попладнево од ОЈО Скопје.

Претходно, од Министерството за внатрешни работи информираа дека во СВР Скопје денеска е пријавено дека на влез на село Арачиново машко лице со автоматска пушка пукало кон градоначалникот на Општина Арачиново Ридван Ибраими, кој бил заедно со уште неколку лица. Оттаму соопштија дека градоначалникот не е повреден, а како што наведоа, не се точни ниту шпекулациите објавени во дел од порталите дека е повреден полициски службеник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ