Прилепските трговци велат дека попусти ќе има до 50% „на секој чош“, но прилепската чаршија ќе понуди и нови шопинг изненадувања „By Night“, бидејќи продавниците ќе работат до 22 часот, двата дена за време на настанот.
Настанот е замислен како голем „шопинг мол“ во целиот град, а муштериите посетувајќи ги трговските дуќани во Прилеп, да уживаат во шопинг забавата, добрата услуга, љубезноста и гостопримството на прилепската чаршија, надалеку позната по својата ексклузивност, квалитет и трговски шарм.
Производи ќе има за сите муштерии, како што се нагласува, а чаршијата под Марковите кули ќе ги отвори вратите за сите купувачи од реегионот и Македонија, од 8 до 22 часот. Купувањето ќе создаде незаборавно искуство кај сите купувачи, од 7 до 77 години, затоа сите шопинг љубители се добредојдени. „Прилеп аутлет викенд“ покрај попустите во трговските дуќани ќе понуди и интересни содржини и пакет-услуги и во кафетериите и кафулињата, кое ќе претставува посебно уживање за сите оние кои на 25ти и 26ти ќе дојдат на шопинг во Прилеп.
„Прилеп аутлет викенд“ се организира по втор пат, а прилепчани и Општина Прилеп, како организатори на настанот, очекуваат прилепската чаршија да биде посетена од илјадници купувачи кои ќе уживаат во секој шопинг момент.