„Денеска беше исплатен остатокот на платата од септември месец и очекуваме, без разлика дали со старото, или со ново раководство, во најскоро време да се седне и да се разговара за иднината на фабриката. За обезбедување руда и производство и зголемување на платите“, рече Ѓорѓиев за МИА.
Пред неколку дена вработените во Еуроникел индустр, ипоранешно Фени, мирно протестираа барајќи одговор на неколку отворени прашања, што, како што нагласија, го доведуваат под знак прашалник работењето на комбинатот.
„Во меѓувреме, струјата што се должеше од фабриката е платена. Повторуваме дека станува збор за гигант со околу 800 работници, значаен субјект за кавадаречката и македонската економија“, подвлече вечерва Ѓорѓиев.