понеделник, 21 октомври 2024
МВР

На патот Тетово-Скопје се вози и со 227 км/ч

Објавено на

часот

Сподели

При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 94 пречекорувања на максимално дозволената брзина надвор од населено место од 66 во тетовскиот регион и 28 во гостиварскиот.

„Осум од нив односно пет во Тетовско и три во Гостиварско биле за над 70 километри повеќе од максималната брзина, меѓу кои двајца возачи на автопатот Скопје-Тетово се движеле со 214 и 227 километри на час. На сите возачи-прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со предвидените парични глоби, а некои и со времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година. СВР Тетово со апел до возачите да не возат пребрзо, зашто најголемиот број и од годинашните сообраќајни несреќи се резултат на неприлагодена брзина според условите на патот и пред се оние со најтешки последици“, порача портпаролот Марјан Јосифоски.

е

Во контролата 21 возило пречекорило од 50 до 70 километри на час (ТЕ-10 и ГВ-11). При контролата санкционирано е едно пречекорување на пропишаната брзина во населено во Тетово и осум други видови сообраќајни прекршоци во истиорт град.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ