недела, 22 декември 2024

На Охридското Езеро фатен е албански државјанин во криволов

Вчера во водите на Охридското Езеро, спроти туристичката населба Свети Стефан, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро го лишиле од слобода И.Ц. (63) од Албанија поради сомневање за сторено кривично дело „незаконит риболов“ и прекршок „илегално преминување на државна граница“.

Објавено на

часот

Сподели

Со него бил извршен службен разговор, по што бил предаден во Основен суд Охрид за понатамошна постапка, а уловот бил предаден во Казнено – поправната установа затвор Охрид. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ