вторник, 24 септември 2024
Претседателката Беса Адеми оствари работни посети во сите апелациони и основни судови

На македонските судови им недостасуваат судии

Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, оствари работни посети во сите апелациони и основни судови, како и на Управниот и Вишиот Управен суд. Со посетите на судовите се овозможи непосреден увид на состојбите и проблемите  со кои се соочуваат судовите, а кои предизвикуваат реперкусии во нивното функционирање, информираат од Врховниот суд. 

Објавено на

часот

Сподели

Посетите имаа за цел да се унапреди соработката помеѓу судовите во Република Северна Македонија, заснована на принципите за независност на судството од законски, функционален и финансиски аспект. Во таа насока, во рамки на посетите беше истакната потребата од континуирана  соработка, надминување на проблемите со човечките ресурси и недостигот на судии и судска администрација, потребата од ефикасно и ажурно постапување по предметите, особено по предметите од висок јавен интерес и донесувањето на внатрешни процедури за работата на судовите. Исто така,  беше нагласена потребата од унапредување на транспарентноста согласно начелата за отворено судство, ажурното подготвување на проектите за капитални инвестиции, архивското работење и начинот на функционирање на информатичкиот систем во судовите. Претседателите на пониските судови го истакнаа значењето на работните посети и ги поздравија заложбите на Врховниот суд и претседателката Адеми, нагласувајќи дека на таков начин се унапредува взаемната соработка и се дава поддршка на целокупниот реформски процес“, се вели во соопштението на Врховниот суд. 

На работните посети беше заклучено дека постои неопходна потреба од  конкретен план, итни мерки и институционална координација за да се надминат проблемите со кои се соочуваат судовите.

Извештаите од посетите на пониските судови ќе бидат разгледани на Општа седница на Врховниот суд и ќе бидат доставени до Судскиот совет. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ