петок, 18 октомври 2024

На ЛОИ се продале 10.000 непостојни билети?!

Објавено на

часот

Сподели

Седум месеци до почетокот на најголемиот спортски настан, Летните олимписки игри, на површина излегоа првите проблеми со билетите, откако 10.000 билети повеќе биле продадени за синхронизирано пливање. Организаторите на ЛОИ соопштија дека останува нејасно како дошло до грешката, по што на купувачите на билети им понудиле алтернатива да гледаат друг спортски настан во замена.

Околу 200 среќници добија „бинго“, затоа што како алтернатива им следуваше финалето на 100 метри во атлетика, стандардно еден од најгледаните настани на ЛОИ. Овие среќници ќе имаат можност да бидат дел од спектаклот на кој се очекува и светски рекорд од рекордерот Усаин Болт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ