Чела во 2015 бил обвинет за меѓународна трговија со кокаин, кога во неговата вила во местото Фуше Куќе биле најдени 18 килограми кокаин. Откако дрогата стигнала во Албанија била испратена во вилата од каде припадниците на неговиот картел ја дистрибуирале во западните земји. Чела семејната вила ја претворил во лабораторија за подготвување дрога.
Но, судот го пуштил Чела со објаснување дека боледува од тешка болест. Подоцна бил повторно уапсен поради фалсификување здравствена легитимација и бил ставен во домашен притвор. Кога полицијата ја опколила неговата куќа во Мамурас, успеал да побегне.
Газета експрес наведува дека Чела пред шверцот на дрога бил офицер на специјалните полициски сили до 1997 година. 55-годишникот е обвинет за неовластено производство и препродавање дрога и поседување оружје.