четврток, 26 декември 2024

На границата со Газа се распоредени 35 израелски баталјони, се чека само наредба (ФОТО)

Портпаролот на Израелските одбранбени сили (ИДФ) Ричард Хехт кажа дека Израел гради „инфраструктура за идни операции“ и дека на границата со Газа се распоредени 35 баталјони.

Објавено на

часот

Сподели

Тоа значи дека Израелците трупаат војска на границата, а светот е во исчекување на голема копнена операција во Газа. И премиерот Бенјамин Нетанјаху кажа дека воздушните напади на Газа се „само почетокот“.

Во овој момент само прашање на време е кога ќе почне копнената операција. Тоа најдобро го објасни поранешен владин службеник за Би-би-си.

„Израел е свесен дека во овој момент повеќе од кога било ја ужива меѓународната поддршка и дефинитивно ова е момент кој мора да го искористи“, кажал тој под услов за анонимност.

Се претпоставува дека ИДФ имаат барем две недели за да го уништат Хамас и да ја претворат Газа во прав и пепел пред Вашингтон (единствената сила која му е на Израел важна) да ја спушти рампата.

„Ако Израел е решен сега да му зададе удар на Хамас, неизбежно е да почне опсежна копнена операција. Бројот на цивилните жртви само ќе расте“, кажал тој.

Во овие моменти главното прашање е што со израелските заложници кои се префрлени во Газа.

„Ако Хамас почне да убива заложници, ќе му го направиме она што светот им го направи на ИСИС и Ал каеда“, кажа поранешниот владин функционер.

Во текот на ноќта израелските воздушни сили срамнија со земја делови од Газа. Биле извршени преку 200 напади.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ