четврток, 26 декември 2024

На границата на Молдавија со Украина откриени остатоци од дрон „шахед“

Молдавските власти открија делови од беспилотно летало „шахед“ на молдавско-украинската граница, веднаш по напад со руски дрон врз регионот Одеса во Украина, соопшти молдавската гранична служба.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Киев Индипендент објави дека руските сили извршиле три бранови напади врз регионот на Одеса ноќта меѓу 9 и 10 февруари, а целта биле Одеса и инфраструктурата на реката Дунав во областа Измаил, при што биле повредени четири лица.

Кишињев верува дека дронот пронајден на територијата на Молдавија бил соборен од украинската противвоздушна одбрана за време на напад ноќта меѓу 9 и 10 февруари.

Од Молдавија се додава дека остатоци од дронот се пронајдени во близина на селото Етули, кое се наоѓа на 15 километри југоисточно од украинското пристаниште на Дунав, Рена и на околу 40 километри северозападно од Измаил.

„Оценивме дека нема ризик за локалната заедница“, соопштија молдавските власти.

Пристапот до местото на несреќата е забранет, а делови од дронот се испратени на вештачење, соопшти граничната полиција.

„Откривањето на остатоците од дронот „шахед“ на југот на Молдавија е сериозен потсетник на мрачната реалност со која се соочуваме. Руската агресија го загрозува целиот континент и поддршката за Украина мора да продолжи“, изјави молдавската претседателка Маја Санду.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ