сабота, 19 октомври 2024

На Ердоган му се слоши за време на интервју (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Камерата се затресла, а новинарот кој ги поставувал прашањата станал. Се слушнал неидентификуван глас како зборува зад камерата. Ердоган набрзо се вратил пред камерите и им се извинил на гледачите, признавајќи дека размислувал да го откаже интервјуто.

„Вчера и денес напорно работевме. Поради тоа имам стомачен вирус. Барам прошка од вас и вашата публика“, кажа Ердоган. Инаку, интервјуто почнало со час и пол доцнење поради предизборните активности на Ердоган. „Нормално дека од време на време се соочуваме со проблеми поради така напорниот распоред“, кажа Ердоган.

„Фала му на бога, здравјето на нашиот претседател е добро“, напиша на Твитер портпаролот на Ердоган Ибрахим Калин по инцидентот. 69-годишниот Ердоган, кој е на власт од 2003 година, го очекува тешка политичка битка на 14 мај.

Ердоган денес ги откажа предизборните митинзи поради „полесна болест“. „Денес ќе одмарам дома како што ме советуваа лекарите“, напиша турскиот претседател на Твитер. Тој кажа дека кампањата ќе ја продолжи утре.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ