сабота, 15 февруари 2025

На Елмас му требаа само три минути за деби гол во дресот на Торино! (ВИДЕО)

Елиф Елмас го постигна својот деби гол во дрсот на Торино, Македонецот вечерва против Болоња ја затресе мрежата само три минути по влегувањето во игра.

Објавено на

часот

Сподели

На Елиф Елмас не му требаше многу за да се запише во листата на стрелци по враќањето во Серија А.

Вечерва Македонецот влезе во игра против Болоња во второто полувреме и по само три минути игра ја затресе мрежата.

Една одбиена топка стигна до Елиф Елмас, кој одлично се снајде, му ја протна низ нозе на противникот и потоа ја префрли преку голманот за 1-2 во 65. минута од мечот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ