четврток, 30 јануари 2025

На денешен ден беше прикажан цртаниот филм кој речиси го уништи Дизни и стана класика (ВИДЕО)

На 29 јануари 1959 година, студиото Волт Дизни го претстави еден од своите најамбициозни анимирани филмови – Заспаната убавица. Иако денес го сметаме за безвременска класика, овој цртан филм речиси финансиски го уништи Дизни.

Фото: Скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Работата на Заспаната убавица траела речиси десет години. Дизни сакаше да создаде нешто визуелно спектакуларно, инспирирано од европските уметнички стилови, особено од готското сликарство и средновековните таписерии. Анимацијата беше толку детална и прецизна што уметниците понекогаш работеа со недели само на неколку секунди од филмот.

Како резултат на ова филмот чинеше шест милиони долари, што во тоа време беше огромна сума, со што стана најскапиот анимиран филм на сите времиња.

И покрај импресивната анимација и прекрасната класична музика, заснована на делата на Петар Илич Чајковски, Заспаната убавица не беше пречекана со ентузијазам.

Критичарите го опишаа како „претерано ладен и стерилен“, ниту публиката не покажала голем интерес. Филмот заработи помалку од очекуваното во кината, што го принуди Дизни привремено да се повлече од бајките, а следниот таков анимиран филм Малата сирена пристигна дури 30 години подоцна.

Но, како што често се случува со филмовите на Дизни, Заспаната убавица со текот на времето доби култен статус. Секоја нова генерација ја откриваше убавината на оваа приказна, а прикажувајќи ја повторно во кино и на телевизија, филмот конечно стана хит.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ