Дарко Чурлинов овој месец се врати во Шалке, и не му требаше многу за да почне да ги тресе противничките мрежи.
Македонецот вечерва доби шанса на стартот од второто полувреме на гостувањето кај Кајзерслаутерн и по само 5 минути игра постигна гол.
Караман испрати убава топка во фор, а Дарко Чурлинов одлично се снајде и го матираше домашниот голман за 1-1.
⚽️🇩🇪 Goal: Darko Churlinov |
Kaiserslautern 1-1 Schalke 04 !!!
— Recap Football (@recap_football_) January 26, 2024
Но голот не му помогна многу на Шалке, до крајот на натпреварот Кајзерслаутерн постигна уште три погодоци и славеше со 4-1.