сабота, 15 февруари 2025

На агенцијата Асошиејтед прес ѝ е забранет влез во Овалната соба и претседателскиот авион

Кабинетот на американскиот претседател соопшти дека на агенцијата Асошиејтед прес засега ѝ е забранет пристапот до Овалната соба и официјалниот авион на Доналд Трамп „Ер Форс Уан“, бидејќи одбила да го нарече Мексиканскиот Залив – Американски залив.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Американската новинска агенција од вторникот се пожали дека на нејзините новинари им е забранет пристап до настаните во Белата куќа бидејќи одбива да го користи новото име избрано од републиканскиот претседател.

„Асошиејтед прес продолжува да ја игнорира законската промена на географското име во Американски залив“, напиша вчера на Икс, заменик-шефот на кабинетот на Белата куќа, Тејлор Бадовиц.

„Ако првиот амандман на американскиот Устав за слободата на говорот го штити нивното право на неодговорно и нечесно известување, тоа не им ја гарантира привилегијата на непречен пристап до ограничените простори, како што се Овалната соба и Ер Форс Уан“, нагласи тој.

Во иднина, тие простори ќе бидат отворени за илјадници новинари, новинарите и фотографите на Асошиејтед прес сепак ќе имаат акредитација за комплексот на Белата куќа, објасни тој.

Асошиејтед прес објасни дека декретот за промена на името на Мексиканскиот Залив важи само во САД, додека Мексико и другите земји и меѓународни организации не го признале.

„Асошиејтед прес ќе го нарекува со неговото оригинално име, притоа признавајќи го новото име што го избра Трамп“, додава агенцијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ