Организатор на овој спортски настан е Сојузот на спортови на Скопје во соработка со А.К. Скопски Маратон и А.К.Работнички и со помош на Министерството за внатрешни работи, а под покровителство на Агенцијата за Млади и спорт и Град Скопје. Насловен спонзор на Халк еко Скопје трчa 10 километри е Халкбанк АД Скопје која е позната како голем промотор на здрави животни навики и заштита на природата, па во тие рамки и како поддржувач и организатор на низа спортски настани.
Пријавувањето за учество во трката ќе трае до 30 април, односно до пополнување на предвидениот број на учесници. При процесот на пријавување секој учесник треба да го одбере своето таргет време за кое планира да ја заврши трката бидејќи сите учесници ќе бидат распоредени во 5 стартни боксови според таргет времето.
Почетна и завршна точка на трката ќе биде фонтанта Лотус во Градскиот парк, а ќе се трча по булеварите Илинден и Партизанска.
Трката Халк еко Скопје трча 10 км е уште еден спортски настан поддржан од Халкбанк АД Скопје која која е позната по своите активности врзани за промовирање и негување здрави животни навики и зачувување на животната средина, а кои се реализираат преку платформа Халк еко. Многу спортски настани во изминативе години добија поддршка од банката, а таа самата е организатор на традиционалната хронометар велосипедската трка Халк еко Вело грин која на 8 септември се одржува во Маврово.
Платформата Халк еко на Халкбанк е развиена од истоимената апликација која ги поттикнува корисниците да практикуваат здрав животен стил, придонесувајќи со тоа за намалување на емисијата на штетни гасови CO2 и истовремено и за садење нови дрвја. За секоја активност: трчање, пешачење или возење велосипед, секој кој ја користи апликацијата собира HalkCoins за кои, во зависност од бројот, освојува подароци и други бенефиции, но истовремено обезбедува и дрвја кои Халкбанк презема обврска да ги засади со што корисниците заедно со банката придонесуваат за почиста и поздрава околина. Банката досега има организирано повеќе акции за зазеленување и пошумување и има донирано над 48.000 садници во земјава.
Халкбанк и ги повикува сите љубители на спортот и трчањето да побрзаат и да се пријават на за учесто во овој убав спортски настан најдоцна до 30 април и да бидат дел од Халк еко Скопје трча 10 км.