МЗТ Скопје е фаворит, аеродромци се бранители на куп трофејот, а доколку го освојат ќе дојдат до 13. вакво одличје.
За Кожув ова е второ финале во Купот на Македонија, првото беше пред десет години кога го поминаа токму МЗТ Скопје за да се најдат таму. Тогаш не го освоија трофејот, а сега пред нив е нова шанса за најголемиот клупски успех и тоа во нивната сала, пред нивните навивачи.
МЗТ Скопје на патот до финалето покажа моќ, најпрво го прегази Работнички со 97-63, а потоа лесно го победи и Пелистер со 103-88.
Кожув со 81-69 беше подобар од МКК Куманово, а вчера убедливо го совлада и Гостивар со 91-72.
Искуството и квалитетот е на страната на МЗТ Скопје, домашниот терен и поддршката од публиката е предноста за Кожув.
Пред овој дуел ќе се одигра женското куп финале меѓу Баскет Кам кој го брани трофејот и ЖКК Вардар, мечот почнува од 17 часот.