сабота, 22 февруари 2025

МЖСПП: Министерот Меџити со тимот работат на коригирање на 22-годишните погрешни политики на ДУИ

Од Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) се огласија со реакција на соопштението на ДУИ, во кое се инсинуира дека на министерот Изет Меџити му се одземени ингеренциите во министерството со кое раководи.

Објавено на

часот

Сподели

„Демократската унија за интеграција не може да се помири со фактот дека албанскиот народ им ги одзеде овластувањата да владеат со него, по 22 години последователни неуспеси, лошо управување и масовна корупција.

Изет Меџити, како министер за животна средина и просторно планирање, Демократско движење и коалицијата Вреди (ВЛЕН), ги има сите овластувања од граѓаните, законот и Уставот да управува со институциите, со полн капацитет и со проекти кои се реализираат за доброто на граѓаните низ целата држава, а не како што тоа го направи ДУИ – за збогатување на нивната врхушка и нивните семејства, а врз грбот на Албанците.

ДУИ не може да се согласи со тоа што Изет Меџити за 6 месеци во Влада реализира проекти за кои не ни размислувале 22 години.

Демократската унија за интеграција за 22 години не разбра дека владините органи, како што се министерствата, не се раководат со архивирани писма, туку со закони и со Уставот. Ова не го научија 22 години на власт, но сега во опозиција имаат можност да научат како се води државата.

Мандатот ќе го продолжиме со корекција на погрешните 22-годишни политики на ДУИ, кои оставија лузни на сите институции на локално и на централно ниво.

На опозициската ДУИ им останува единствената надлежност луѓето од американската црна листа да продолжат да ги контролираат нивните канали за комуникација со јавноста.

Конечно, во однос на надлежностите кои ги споменува ДУИ, ги потсетуваме дека овластувањата над инспекторатите што им беа одземени пред 10 години, оваа влада ги врати во различните министерства каде што припаѓаат, за кои ДУИ не се осмели тогаш да каже ниту една реченица, поради страв да не ги изгуби придобивките на група луѓе од нивната купола. Овие инспекторати сега се повторно под надлежност на министерствата, со одлука на актуелната влада“ , се наведува во реакцијата на МЖСПП.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ