За пречекорување на брзината казнети се 1.498 возачи, за непрописно паркирање издадени се 535 платни налози, а без возачка дозвола зад воланот биле 247 лица. Под дејство на алкохол казнети се 111 возачи. Покрај ова изречени се и 153 платни налози по основ на некористење сигурносен појас, потоа 56 по основ на говорење на мобилен телефон при возење, откриени се и 58 нерегистрирани возила кои што учествувале во сообраќајот.
„Вчера (16.02) пособено внимание преку соодветен претходно подготвен план за постапување, беше посветено на контролата на правилата за почитување на пропишаната брзина на движење, и според резултатите од тие радарски контроли на територијата на државата беа евидентирани 429 возачи кои ја пречекориле брзината на движење надвор од населено место, и 488 возачи кои што ја пречекориле брзината на движење во населено место. Како епилог на тоа издадени се 870 платни налози и 47 писмени опомени. Исто така во текот на викендов низ патиштата во земјава се случиле една сообраќајна несреќа во која што едно лице го загубило животот, како и други четири сообраќајни несреќи во кои што шест лица се здобиле со тешки телесни повреди (двајца возачи, двајца сопатници, еден мотоциклист и еден пешак)“, се додава во соопштението од МВР.