сабота, 5 октомври 2024

МВР за МКД.мк: Убиството во Тетово е извршено со пукање од мерцедес во БМВ

Од МВР за МКД.мк потврдија дека во Тетово вечерва е убиено лице со иницијали Р.Т. Убиството е извршено со пукање од возило во движење кон друго возило.

Објавено на

часот

Сподели

„Во 20.35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на ул.Штипска едно лице, кое било со возило марка мерцедес пукало кон возило марка БМВ во кое било лицето со иницијали Р.Т., кое од добиените повреди починало. Полициски службеници од СВР Тетово преземаат интензивни мерки и активности за расчистување на случајот“, велат од МВР за МКД.мк.

Местото на убиството е затворено од страна на полицијата, се врши увид, а присутен е и јавен обвинител.

Инаку, како што веќе објавивме, медиуми на албански јазик неофицијално дознаваат дека убиството е продолжение на судирите меѓу две тетовски семејства од пред неколку месеци, кога по едно судско рочиште, крвавата расправија продолжила со огнено оружје пред тетовската болница.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ