По преземени мерки било утврдено дека тие претходно учествувале во вооружена престрелка на подрачјето на Чаир.
Поради повреди од огнено оружје, во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ бил пренесен и Н.Д. од Скопје. Исто така, по преземени мерки, а поради сомнение дека учествувале во престрелката, полициски службеници од СВР Скопје околу 01.40 часот во болницата го лишиле од слобода Б.Б. (39) од Скопје, на подрачјето на Чаир го лишиле од слобода Н.Д. (22) од Скопје, додека, подоцна биле пронајдени и лишени од слобода Р.Р. (41) и К.Т. (28), двајцата од Скопје. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави.