четврток, 20 февруари 2025

МВР: Вчера најмалку се почитувале правилата за прописно паркирање

Полициските службеници во текот на вчерашниот ден на 796 учесници во сообраќајот им издале платни налози, а наплатени биле 500 платни налози. 338 од овие прекршоци вчера се однесувале на неправилното паркирање, а 145 случаи за непочитување на пропишаната брзина на движење, соопшти денеска МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Во однос на прекршоците по основ на неносење сигурносен појас и говорење на мобиен телефон при возење, евидентирани биле 50, односно 31 прекршок.

Полициските службеници детектирале 58 лица што учествувале во сообраќајот без возачки дозволи, во осум случаи откриени се алкохолизирани возачи, во четири случаи возачи минале на црвено светло, а во сообраќајот учествувале и 15 нерегистрирани возила.

Од МВР соопштуваат дека ќе продолжат со интензивни сообраќајни контроли на патиштата низ државата. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ