„СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против А.К. (36) од Скопје поради обид за убиство. На 22 февруари во 14.20 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода А.К., постапувајќи по претходна пријава дека во 14 часот во угостителски објект на ул.Ќемал Сејфула во Скопје пукал во Е.С. и му нанел повреда во ногата.
Против А.К. е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје, а судија од Основен кривичен суд Скопје му одреди мерка притвор од 30 дена.