недела, 20 октомври 2024

МВР потврди: Лишен од слобода е врховен судија во моментот кога примал мито

Министерството за внатрешни работи за МКД.мк ја потврди информацијата дека е лишен од слобода врховен судија во моментот кога примал мито.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска лишен од слобода е судија од Врховен суд поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело – примање награда за против – законито влијание. Судијата е лишен од слобода на лице место при извршување на кривичното дело. Се чекаат понатамошни насоки од надлежен јавен обвинител“, се вели во изјавата од МВР.

Како што веќе објавивме, неофицијално станува збор за врховниот судија Наќе Георгиев кој наводно примил мито во износ од 10 илјади евра од поранешниот градоначалник на Ново Село кој е обвинет за шверц на марихуана. Наводно, ветувал олеснување на кривичната постапка против него, кој пак веќе еднаш беше гонет и за шверц со цигари.

Според информациите, полициското приведување е извршено по налог на обвинител од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Врховниот судија има судиски имунитет, на кој може да се повика. За одземање на имунитетот решава Судскиот совет, каде, до овој момент, немаат официјален допис дека судија е приведен во полиција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ